Инспиративниот цитат што стои на фрижидерот на милијардерот Џеф Безос

Инспиративниот цитат што стои на фрижидерот на милијардерот Џеф Безос

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Инспиративните цитати може да бидат моќна алатка за оние на кои им е потребна дневна мотивација, но и за оние што не се сигурни кои чекори треба да ги преземат во кариерата. Еден цитат од Ралф Валдо Емерсон оставил големо влијание врз основачот на „Амазон“ и најбогат човек во светот, Џеф Безос. Тој дури го има закачено цитатот на својот фрижидер.

Цитатот гласи:

- Да се смееш често и многу, да ја заслужиш почитта на интелигентните луѓе и наклонетоста на децата, да бидеш ценет од чесни критичари и да го издржиш предавството на лажните пријатели, да ја цениш убавината, да гледаш убавина во другите, да го оставиш светот малку подобар без разлика дали преку здраво дете, поправена градина или вратена општествена улога, да знаеш дека некој живот диши полесно бидејќи ти си живеел тука. Тоа значи да успееш.


Фото: Wikipedia

Интересно е што најбогатиот човек на светот, кој се претпоставува дека има богатство од 144 милијарди долари, се води по цитат кој на прво место ги става нештата што не можат да се купат. Смеата, почитта, наклонетоста, убавината, здравјето и великодушноста не се типични мерки за успех во бизнисот. Но, очигледно му се важни на Безос.

Автор: Марсел Швантес
Извор: inc.com