„Планта“ - апликација која помага при нега на собни и други видови растенија

„Планта“ - апликација која помага при нега на собни и други видови растенија

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите што сакате да имате при рака ботаничар кој не само што ќе ви понуди низа информации за тоа како да се грижите за различни видови растенија, туку и редовно ќе ве потсетува кога е време за наводнување, пресадување или дохрана, тогаш дефинитивно треба да ја пробате „Планта“.

Освен класичните информации и совети како редовно да се грижите за растенијата, целосно оптимизирано за почетници кои никогаш претходно немале можност да се грижат за растенијата, како и за оние што имаат простор за живеење или градина исполнета со растенија, „Планта“ овозможува и препознавање на растенијата со вграден скенер.

Вградена е и алатка за мерење на нивото на светлина, што е многу важно кога на растенијата треба да им се обезбеди соодветна положба, односно дали растението има потреба од поголема изложеност на светлина или од сенка, како и специјално дополнување кое ќе помогне да се дијагностицира од што боледува растението (или дали е само неправилно негувано), па и да се смисли третман кој ќе му помогне на растението да закрепне.

Апликацијата е прилично лесна за користење, а украсена е со убав интерфејс, додека при додавањето на првото растение станува јасно колку е добро развиена и колку може да биде корисна.

Сепак, треба да знаете и дека бесплатната верзија е доста ограничена, а за сите опции треба да плаќате месечна претплата за премиум-изданието кое чини 3,26 евра месечно (39,15 евра годишно).

Извор: bug.hr

Фото: Google Play store screenshot