Пријавете се за онлајн летна пракса во Пивара Скопје

Пријавете се за онлајн летна пракса во Пивара Скопје

Пивара Скопје АД како дел од мултинационалните семејства на Coca Cola HBC и Heineken ЈV ви овозможува онлајн летна пракса и вистинско работно искуство, препознавање на вашиот потенцијал и почеток на вашето професионално усовршување.

Што претставува онлајн летната пракса 

Одлична прилика што ќе ти овозможи да го запознаеш виртуелно светот на Пивара Скопје како дел од Coca Cola HBC & Heineken .

Ќе имаш самостојна или тимска работа на проект и online состаноци со менторот и тимот.

Праксата ќе трае 4 недели богати со работа и дружење почнувајќи од 06.07-31.07.2020.

Ќе имаш можност да анализираш податоци од целата групација и ќе можеш да ги користиш во рамките на твојот проект и да присуствуваш на секојдневни online предавања.

Твојата работа ќе биде менторирана од докажани професионалци во областа.

Сите студенти кои ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификати за учество.

Како можеш да се пријавиш за програмата:

Сите заинтересирани и амбициозни студенти (од сите градови) кои се во последната година од своите студии, апсолвенти или постдипломци што имаат интерес во полето на продажба, маркетинг, финансии, производство и логистика, можат да земат учество и да аплицираат за Online Coke Summership програмата.

Пристапете на копчето Apply now и очекувајте да бидете исконтактирани за процесот на селекција. Бројот на кандидати кои ќе земат учество во програмата е ограничен.

Поради што треба да се пријавиш:

  • Затоа што ќе имаш можност да стекнеш реално онлајн искуство работејќи од дома, прилагодувајќи го своето работно време и распоред,
  • Затоа што ќе соработуваш со меѓународни тимови на тековни проекти,
  • Ќе имаш можност да комуницираш со реалните клиенти,
  • Ќе имаш можност да воочиш како Пивара Скопје се соочува со реалните тековни предизвици,
  • Затоа што ќе добиеш сертификат за учество и можност да влезеш во базата на потенцијални кандидати за идни отворени работни позиции во нашата компанија,
  • Затоа што ќе научиш многу и ќе запознаеш луѓе од целата фамилија на Coca Cola HBC и Heineken,
  • Затоа што често излегуваш надвор од комфорната зона и уживаш да работиш на студија на случај,
  • Затоа што знаеш да направиш (PowerPoint) презентација,
  • Затоа што течно говориш и пишуваш англиски.
Бројот на кандидати кои ќе земат учество во програмата е ограничен и сите кандидати ќе поминат преку дигитален процес на селекција, а пријавата ќе можат да ја реализираат најдоцна до 10.06.2020

Пријави се веднаш и кажи ни во една реченица зошто баш ти си вистинскиот/та за Online Coke Summership?

Среќно!

(комерцијална објава)