Земји што најмногу испуштаат јаглероден диоксид во атмосферата

Земји што најмногу испуштаат јаглероден диоксид во атмосферата

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Глобалните емисии на јаглероден диоксид се намалија во периодот кога поголемиот дел од светското население остана дома за да го спречи ширењето на коронавирусот. Меѓутоа, светот сепак испушта многу повеќе јаглероден диоксид во атмосферата сега во споредба со порано.


Фото: Кина/Pixabay

Во мај бил регистриран месечен рекорд во емисиите на јаглероден диоксид. Кризата ги намали, но недоволно. Во 2018 г. светот испуштил двојно повеќе јаглероден диоксид во атмосферата од емисиите регистрирани пред 40 години и околу 10 пати повеќе од емисиите пред 100 години.

Кои земји испуштаат најмногу јаглероден диоксид? Следува листа со земји со најголеми емисии на јаглероден диоксид според податоци од 2018.


Фото: Pixabay

1. Кина - 27% од глобалните емисии
2. САД - 15% од глобалните емисии
3. Индија - 7,4% од глобалните емисии
4. Русија - 4,6% од глобалните емисии
5. Јапонија - 3,3% од глобалните емисии
6. Германија - 2% од глобалните емисии
7. Иран - 1,96% од глобалните емисии
8. Јужна Кореја - 1,8% од глобалните емисии
9. Саудиска Арабија - 1,7% од глобалните емисии
10. Индонезија - 1,7% од глобалните емисии

Автор: Саманда Дорџер
Извор: thestreet.com