Од идната година ќе се плаќа 7 евра за влез во ЕУ

Од идната година ќе се плаќа 7 евра за влез во ЕУ

Подготвил: Драгана Петрушевска

Идната година ќе му дојде крајот на бесплатното влегување во Европската Унија. ЕУ најави дека ќе започне да наплаќа за влез во мај 2023 година.

Станува збор за европскиот систем за патни информации и одобрување (ЕТИАС) кој ќе биде наменет за секој жител на земја надвор од ЕУ, а на која не ѝ треба виза за влез. Овој систем нема да биде за оние кои досега требале да вадат визи за влез во ЕУ.

Според системот, патниците ќе треба да се пријават за влез во ЕУ пред да патуваат, а тоа ќе ги чини 7 евра.


Фото: Pixabay

Одобрувањето на влезот треба да трае минути за околу 95 отсто од кандидатите, пренесува Си-ен-ен. Максималното време за чекање на одобрување е еден месец, а секој на кој ќе му биде одбиен влезот ќе може да поднесе жалба.

Одобрувањето за влез ќе важи за неограничен број влегувања во ЕУ во период од три години, иако жителите ќе мора да ги почитуваат соодветните правила за престој во земјите како и досега.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Pixabay