Корењата на растенијата го топат пермафростот, па се ослободуваат големи резерви на емисии на јаглерод

Корењата на растенијата го топат пермафростот, па се ослободуваат големи резерви на емисии на јаглерод

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Како што растенијата почнуваат да се шират низ пермафростот кој се топи, научниците се сè позагрижени дека нивните корења ќе ги подбуцнат микроорганизмите да ослободуваат големи резерви на јаглерод.

Кај научниците, корењата се познати како ризоми, и кога тие ќе се прошират подлабоко во почвата, тоа го забрзува разложувањето на микроорганизмите до четири пати, потенцијално подготвувајќи ја замрзнатата почва за дополнително топење.

Овој механизам е познат уште од 50-тите години и може да има големо влијание врз еден од најпроблематичните циклуси на повратна спрега на јаглерод. Но денес климатските модели не ги вклучуваат ризомите како фактори на ризик за топење на пермафростот, најмногу затоа што едноставно нема податоци.

- Важно е да се прошири знаењето во ова поле бидејќи магнитудата и насоката на истото не се многу добро разбрани и забележани се контрадикторни резултати - истакнаа научници во еден труд во 2017 година.

Фото: Science Alert

Првпат истражувачите комбинираа податоци со висока резолуција и за ширењето и за длабочината на клучни растенија што растат на арктичкиот пермафрост за да утврдат колку јаглерод испуштаат тие. Поради тоа што сè повисоките температури стимулираат дополнителен раст на растенијата, истражувачите проценуваат дека ризомската подготовка ја засилува општата респирација на микроорганизмите во почвата за околу 12 отсто. До 2100 година тоа значи апсолутна загуба на околу 40 милијарди тони на јаглерод од северниот пермафрост.

И тоа не е она што го очекувавме. За глобалното затоплување да се задржи под 1,5 Целзиусов степен, научниците проценуваат дека во најмала рака треба да ги задржиме на 200 милијарди тони, а моментално 50 до 100 милијарди тони се одделени за пермафростот кој се топи.

Овие нови бројки сочинуваат една четвртина од тој буџет, што значи дека има мали и игнорирани еколошки интеракции, кои очигледно не ги земаме предвид. А оние меѓу растенијата и почвените микроорганизми изгледа се високо на листата.

Затоа научниците велат дека ќе мораме да ги задржиме нашите емисии многу повеќе отколку што мислевме.

Извор и насловна фотографија: Science Alert