Рената Павлеска - една од најдобрите дипломци на ФЕИТ, верските училишта се интегрираат во јавниот образовен систем, базените да се полнат со хигиенски исправна вода... Што пишувавме?
Базените да се полнат со хигиенски исправна вода која секојдневно ќе се менува или надополнува со свежа, вели д-р Емилија Богоевска, специјалист по хигиена
Приватните и малите детски базени се сѐ попопуларни начини за разладување во текот на летните жешки денови. Расте бројот на семејства кои во дворовите од домовите каде што живеат или во викендичките поставуваат приватни монтирани или базени на надувување. Некаде тие се детски со мали димензии, а некаде големи со должина и ширина до десетина метри и височина до 1,5 метар. Едни од поголемите монтажни базени се со капацитет од 54.400 литри вода.
Со завршено средно верско училиште ќе може да се студира и на други факултети: Верските училишта се интегрираат во јавниот образовен систем во државата
Државата носи закон за установи за средно образование на верските заедници, нецели три месеци откако Уставниот суд поради кршењето на принципот на секуларност ја укина одлуката на претходната Влада предводена од Талат Џафери на средното верското училиште „Иса Беу“ да му даде статус на приватното училиште-гимназија.
Охриѓанката Рената Павлеска го заврши Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) со просек 10, во рекордно време, давајќи го последниот испит во јунската сесија во 2024 година. Се стекна со звањето дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерско системско инженерство, автоматика и роботика.