Заштита на бебешката кожа во лето – совет од семеен доктор

Заштита на бебешката кожа во лето – совет од семеен доктор

Бебешката кожа е многу понежна, потенка и почувствителна од кожата на возрасните. Поради незрелата заштитна бариера, таа полесно губи влага и е значително поподложна на сончеви изгореници, прегревање и иритации.

Во текот на летните месеци најдобрата заштита е избегнување директно изложување на сонце, особено во периодот од 10 до 17 часот. Бебињата помлади од 6 месеци не треба да бидат изложени на директна сончева светлина. Наместо тоа, обезбедете сенка, лесна памучна облека со долги ракави, шешир со широк обод и добра хидратација.

Кај бебиња постари од 6 месеци, на деловите од кожата кои не можат да се покријат со облека може да се нанесе крем со широк спектар на заштита (UVA и UVB) и SPF 50+, формулиран специјално за детска кожа. Кремот треба да се нанесе 15–30 минути пред излегување и да се обновува на секои два часа, како и по капење или прекумерно потење.

По престој на отворено, кожата треба нежно да се измие со млака вода и да се нанесе хидратантен емолиент за да се зачува нејзината природна заштитна бариера.

Доколку забележите силно црвенило, плускавци, покачена температура, изразена поспaност или знаци на дехидратација, потребно е веднаш да се консултирате со лекар.

Со правилна заштита, бебешката кожа ќе остане здрава и безбедна, а летните денови ќе бидат исполнети со безгрижно уживање.

Автор: д-р Гордана Маџункова, ПЗУ „Мартини клиник“