А1 Македонија ја лансира А1 Xplore ТV, телевизија на новата генерација

А1 Македонија ја лансира А1 Xplore ТV, телевизија на новата генерација

Омилените ТВ-содржини од кое било место на сите уреди

А1 Македонија, членка на А1 Телеком Австрија Групацијата, операторот со најголем број корисници и најбрз мобилен интернет во земјата, лансира А1 Xplore ТV, телевизија на новата генерација поддржана од Zappware.

Со А1 Xplore TV корисниците добиваат пристап до телевизија на сите екрани: ТВ-уред, лаптоп, смартфон или таблет. Ова решение преку нов интерактивен интерфејс им овозможува на корисниците следење на омилената ТВ-содржина кога било и каде било. Имено, својата омилена програма сега корисниците можат да ја следат на својот ТВ-уред и доколку имаат потреба истата да ја прекинат и да продолжат да ја гледаат на својот мобилен телефон од истото место каде што застанале. А1 Xplore ТV нуди врвно искуство со HD-квалитет на слика и со Dolby audio звук, како и директен пристап до апликациите YouTube и YouTube Kids.

A1 Xplore ТV овозможува избор на голем број разновидни ТВ-канали и тоа повеќе од 200 ТВ и радиосодржини, како и следните функционалности: збогатен детален програмски водич, пребарување содржини низ програмскиот водич и видеотеката, снимање на омилената серија или цела сезона, како и родителска заштита и контрола на содржината според возраста.

A1 Xplore TV константно учи од навиките на гледање на корисникот и соодветно на тоа му препорачува содржини што се порелевантни за него.

-Следејќи го развојот на потребите на корисниците, постојано работиме на воведување нови производи и услуги кои го подобруваат корисничкото искуство и овозможуваат повеќе забавни содржини. Новото време бара и поголемо разбирање на корисниците и подобро приспособување на услугите за секој корисник поединечно. A1 Xplore TV покрај сите напредни функционалности, нуди и персонализиран пристап со препораки за содржини приспособени на секој корисник. Ни претставува особено задоволство што благодарение на можностите на А1 Телеком Австрија Групацијата и партнерот задолжен за имплементација на новата платформа, Zappware, успеваме услугите кои се во чекор со светските трендови да ги донесеме и на нашиот пазар. Остануваме посветени на заложбите за континуирано усовршување на ТВ-искуството на нашите корисници - изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

- По лансирањето на A1 Xplore TV во Бугарија, Словенија и Хрватска, со гордост го претставуваме искуството на A1 Xplore TV во Македонија. Нашиот систем обезбедува корисничко искуство што ги инспирира сите генерации, дури и на најпребирливите корисници кои уживаат во едноставно пребарување на содржините. Со нетрпение го очекуваме идниот раст на A1 Xplore TV во А1 Телеком Австрија Групацијата - изјави Патрик Вос, извршен партнер на Zappware.

А1 Xplore TV е дел од тековното A1 Combo портфолио кое нуди интернет, најквалитетна телевизија на пазарот со ексклузивна можност за креирање на ТВ програмската шема и мобилни услуги. Покрај тоа, со A1 Combo корисниците добиваат и дополнителна субвенција за набавка на уред. Така, со најпопуларната комбинација A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ корисникот добива можност да одбере 4K HDR, Xiaomi 4S 43’’ телевизор со Андроид оперативен систем за 0 денари.

(Комерцијална објава)