Германците сметаат дека постарите возачи треба повторно да полагаат возачки испит
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Повеќето германски граѓани сметаат дека постарите возачи треба да повторно да полагаат возачки испит, покажува истражувањето на „Форбс“.
85 отсто од 1.207 испитаници оцениле дека возачите над 75 години треба да седнат зад воланот со експерт кој ќе процени дали се способни да останат во сообраќајот.
Истражувањето е нарачано од германската организација за контрола на квалитет TÜV.
9 од 10 испитаници рекле дека кога ќе дојде време, ќе бидат подготвени доброволно да се откажат од возењето. 84 отсто заклучиле дека физичките тешкотии би го поттикнале тоа.
Уделот на постарите возачи во Германија се зголемува со стареењето на населението, предупредува директорот на TÜV, Јоаким Билер. Тоа значи дека и ризикот на патиштата се зголемува бидејќи постарите луѓе имаат послаб вид и побавни рефлекси.
За една недела полицијата одзеде над 500 возачки дозволи
Според податоците на TÜV, во три од четири сообраќајни инциденти во кои учествувале лица над 75 години, постарите луѓе се виновни за несреќата.
Нешто повеќе од три четвртини од испитаниците рекле дека постарите возачи треба да подлежат на задолжителен преглед, а четири петтини рекле дека доколку се утврди дека не се способни за возење, возачката дозвола треба да им биде одземена.
Ова, сепак, е во спротивност со оцената на 88 отсто од испитаниците дека постарите луѓе треба колку што е можно повеќе да ги проценуваат сопствените способности.
Инаку, возачката дозвола за возење автомобил или мотор во Германија важи доживотно.
Европската комисија неодамна предложи пократок рок на важност за продолжување на возачките дозволи за стари лица, со задолжителен лекарски преглед.
Европскиот парламент ја отфрли таа иницијатива, оставајќи ги земјите членки сами да го регулираат прашањето за возачките дозволи.
Извор:
n1info.hr
Фото: Pixabay