Се отвораат дискотеките, од 15 ноември влез во угостителски објект со две дози вакцина или прележан ковид-19

Се отвораат дискотеките, од 15 ноември влез во угостителски објект со две дози вакцина или прележан ковид-19

Отворањето на дискотеките, кои ќе може да имаат исполнетост до 50 отсто од капацитетот, е една од новите мерки што ги донесе Владата на вчерашната седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба, а на предлог од Комисијата за заразни болести.

Во соопштението се наведува дека сега е дозволено организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот. Се дозволува и работа на барови и ноќни клубови - дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Владата донесе и мерка според која, меѓу другото, за да влезете во угостителски дел од бензинска или казино, од 15 ноември ќе морате да приложите сертификат за примени две дози вакцина или за прележан ковид-19 во последните 45 дена.

Имено, во соопштението од Владата се наведува:

- Се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувачниците, во други објекти кои во рамките на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи:

- до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест ковид-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест ковид-19 или

- сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Фото: Unsplash