Бактерии отпорни на антибиотици откриени во тоалетите на Меѓународната вселенска станица

Бактерии отпорни на антибиотици откриени во тоалетите на Меѓународната вселенска станица

Микробиолози од НАСА соопштија дека во тоалетите на Меѓународната вселенска станица првпат се откриени пет вида бактерии отпорни на антибиотици и потенцијално опасни за луѓето.

Според порталот „Сајенс алерт“, една од нив е „ентеробактер“, која вообичаено ги напаѓа пациентите со намален имунитет во болниците. Таа и другите видови бацили при тестирањата покажале мутирање и целосна отпорност на цефазолин, цефокситин, оксацилин, пеницилин и рифампин, а имаат различен степен на отпорност и кон други антибиотици.

За три од бактериите се претпоставува дека ги донеле астронаутите од Земјата. Сродството со земните супербактерии е веќе докажано.

Во моментов нема информации дали животот на некој од екипажот на МВС е загрозен.

Извор: МИА