Трејлерот за „Одисеја“ имал 121 милион прегледи во првите 24 часа - двојно повеќе од „Опенхајмер“

Трејлерот за „Одисеја“ имал 121 милион прегледи во првите 24 часа - двојно повеќе од „Опенхајмер“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Трејлерот за долгоочекуваниот нов филм на Кристофер Нолан - „Одисеја“ е прегледан повеќе од 121,4 милиони пати на различни социјални мрежи – и тоа во првите 24 часа од објавата. Податоците ги споделила компанијата за аналитика на забава „Вејв метрикс“.

Огромниот број прегледи на „Одисеја“ е повеќе од двојно поголем од 50. милиони прегледи што ги постигна претходниот филм на Нолан, „Опенхајмер“, во првите 24 часа.

Првиот трејлер по „Оскарите


„Одисеја“ е првиот трејлер на Нолан откако стана добитник на „Оскар“. „Опенхајмер“, кој собра речиси 1 милијарда долари, освои седум „Оскари“ во 2024 година, вклучувајќи ги и наградите за режијата и продукцијата на Нолан.

Меѓу најгледаните трејлери во годината

„Одисеја“ е осмиот најгледан филмски трејлер во годината во првите 24 часа, зад долгоочекуваните филмови како „Ѓаволот носи прада 2“, кој надмина 180 милиони прегледи во првиот ден, и римејковите на „Моана“ и „Лило и Стич“ на Дизни.

Од каде доаѓаат рецензиите?

Околу 27 % од прегледите на трејлерот за „Одисеја“ се од платформата „Тик-ток“, потоа „Јутјуб“ со 26 %, „Фејсбук“ со 21 %, „Инстаграм“ со 18 % и „X“ со 10 % од вкупните прегледи.

Премиера

„Одисеја“ ќе се прикажува во кината на 17 јули 2026 година, а билетите се продаваат дури една година однапред.

 


„Одисеја“ е филмска адаптација на Хомеровата „Одисеја“, античкиот грчки еп што го следи патувањето на Одисеј дома по Тројанската војна. Филмот има импресивна актерска екипа, предводена од Мет Дејмон како Одисеј. Другите улоги ги толкуваат Ен Хатавеј, Том Холанд, Зендаја, Роберт Патинсон, Лупита Нјонго и Шарлиз Терон. Се вели дека филмот е направен со огромен буџет од 250 милиони долари, а тоа го прави најскапиот филм на Нолан досега.

Извор: forbes.n1info.rs

Фото: Instagram screenshot