(ВИДЕО) Премиера на најавната шпица за новиот анимиран серијал - „The Toothstars“

(ВИДЕО) Премиера на најавната шпица за новиот анимиран серијал - „The Toothstars“

Погледнете ја најавната шпица за „The Toothstars“ - нов оригинален анимиран серијал развиен од „InnovaRights & Licensing“, партнерска компанија основана од „Dexy Co“ и „Светот на Биби“.

Проектот е резултат на стратешка соработка меѓу тимови со силно искуство во создавање детски содржини, брендирање и лиценцирање, со јасна визија за меѓународен развој.

Продукцијата на серијалот се реализира во Македонија, од страна на „Toon Motion Studios“, истиот креативен тим што стои зад регионалниот бренд „Светот на Биби“.

Серијалот „Тhe Toothstars“ е осмислен така што лесно комуницира со меѓународната публика и истовремено содржи вредности и теми значајни за развојот на децата.

Премиерата на серијалот е планирана за есен 2026 година.

Погледнете ја најавната шпица и подгответе се за авантурата што следи. Ова е само почеток… „The Toothstars“ пристигнуваат!