Триминутен аплауз и овации за „ММЕ кој прв почна“ на Унковски и Дуковски во Белград

Триминутен аплауз и овации за „ММЕ кој прв почна“ на Унковски и Дуковски во Белград

Триминутен аплауз и овации добија актерите и авторскиот тим на претставата „ММЕ кој прв почна“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски, синоќа на сцената на Југословенското драмско позориште во Белград. 

Мики Манојловиќ (фото: Ненад Петровиќ)

Ова е втора средба на Унковски и Дуковски на сцената на ЈДП, а е своевидно продолжување на славната и култна претстава „Буре барут“. Во претставата игра врвот на српското глумиште – Мики Манојловиќ, Бранислав Лечиќ, Мирјана Карановиќ, Јасна Ѓуричиќ и други.

Бранислав Лечиќ (фото: Ненад Петровиќ)

На сцената на овој театар од Дуковски досега е поставена и претставата „Друга страна“. Унковски ги режирал претставите: „Хрватски Фауст“, „Театарски илузии“, „Шини“, „Галеб“, „Брод за кукли“, „Како милувате“, „Не е смртта велосипед (да ти го украдат)“ и „Ајнштајновите сништа“.


Мирјана Карановиќ (фото: Ненад Петровиќ)

Ѕвездена актерска екипа во „ММЕ...кој прв почна“ (фото: Ненад Петровиќ)