Ќе се копаат биткоини и на Арктичкиот Круг

Ќе се копаат биткоини и на Арктичкиот Круг

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Руската компанија „Биткластер“ го одбрала градот Норилск, сместен над Арктичкиот Круг, за центар на копање биткоини. На овој начин компанијата, која почнала со работа на крајот од минатата година,
планира да се прошири.

Норилск се смета за едно од најсеверните населени места во светот, а познато е по седиштето на „ММЦ Норилск никел ПЏСЦ“, најголемиот произведувач на паладиум и произведувач на никел, бакар и платина. Сега „Биткластер“ му носи нов вид ископување скапоцени ресурси на овој поларен регион.

Еден од основачите на компанијата, Витали Боршенко, изјавил дека зад проектот за копање биткоини во Норилск се кријат меѓународни интереси. Освен тоа, ниските температури се поволни бидејќи го изладуваат процесот на копање на биткоини.


Цената на електричната енергија во овој регион е дури 25% поевтина отколку во остатокот од Русија бидејќи градот произведува сопствена електрична енергија од природен гас и хидроцентрали. На веб-страницата на „Биткластер“ пишува дека компанијата плаќа за електричната енергија 0,039 долари за киловат-час.

Копањето биткоини ќе се врши во напуштена фабрика што била затворена во 2016 година.

Извор: seebiz.eu
Фото: Screenshot/Youtube