Целосни стипендии за сите нивоа на студирање од владата на Турција

Целосни стипендии за сите нивоа на студирање од владата на Турција

Владата на Турција доделува стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии за меѓународни студенти кои сакаат да студираат во Турција. Се доделуваат околу 5.000 стипендии за студенти од целиот свет.

Стипендиите ги покриваат трошоците за партиципација, патување, здравствено осигурување, сместување, социјални и културни активности и едногодишен курс по турски јазик, а вклучуваат и дополнителен месечен надомест.

Пријавувањето за стипендиите трае до 20 февруари.

Повеќе информации пронајдете овде.