Францускиот институт ги повикува љубителите на пишаниот збор на „Ноќ на книгата“

Францускиот институт ги повикува љубителите на пишаниот збор на „Ноќ на книгата“

Француски институт во Скопје ги повикува сите љубители на пишаниот збор на меѓународната манифестација „Ноќ на книгата“, која ќе се одржи денeска со почеток во 17 часот. Настанот посветен на книгата годинава е организиран во форма на книжевна средба со учениците од француското меѓународно училиште во Скопје и двојазичните паралелки од гимназијата „Орце Николов“, како и со студентите од Катедрата за француски јазик, кои ќе читаат текстови и песни по свој избор.


„Ноќта на книгата“ е настан кој се одржува на иницијатива на француското Министерство за култура, во соработка со различни институции од доменот на пишаниот збор: библиотеки, книжарници, автори, издавачи, училишта, здруженија итн. Министерствата за образование и за надворешни работи на Франција му се приклучија на овој настан, кој веќе се утврдува како постојан во културната агенда.