Ви се допадна „Не гледај нагоре“? Еве неколку филмски предлози со слична тематика

Ви се допадна „Не гледај нагоре“? Еве неколку филмски предлози со слична тематика

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Не гледај нагоре“ (англ. Don's look up) во моментов е на третото место на листата со најгледани филмови на „Нетфликс“. Доколку ви се допадна, следуваат неколку филмски предлози со слична тематика.

„Обложување на столетието“ (англ. The big short)

Филмот е за инвеститори кои ја предвиделе и профитирале од финансиската криза што ги погоди САД во 2007 година. Режисерот на „Не гледај нагоре“, Адам Мекеј, стои и зад овој филм, кој е пофален за иновативниот и духовит начин на кој е прикажана алчноста на луѓето. Филмот е снимен според книга, а главните улоги ги толкуваат Кристијан Бејл, Стив Карел, Рајан Гослинг и Бред Пит.


„Човек од сенка“ (англ. Vice)

Адам Мекеј го режирал и овој филм, кој ја следи животната приказна на поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни. Откако Џорџ Буш го одбрал да биде републикански кандидат на изборите во 2000 година, Чејни одлучува да ја искористи позицијата за да ја промени состојбата во земјата. Кристијан Бејл е во главната улога.


„Во јамката“ (англ. In the loop)

Овој филм на Армандо Јанучи е политичка сатира. Тој ја прикажува инвазијата на Ирак и односот помеѓу американските и британските сили. Во филмот глумат Питер Капалди, Том Холандер и Џејмс Гандолфини.


„Ова е крајот“ (англ. This is the end)

Шест познати личности од Лос Анџелес остануваат заробени во куќата на Џејмс Франко откако градот е срамнет со земја. Освен со очигледните проблеми, тие мора да се соочат и со меѓусебните разлики. Филмот е во режија на Иван Голдберг и Сет Роген, а во него глумат и Ема Вотсон и Ријана.


Извор: Klix
Фото: YouTube (printscreen)