Видео од „Тик-ток“ одведе Американка на погрешно место

Видео од „Тик-ток“ одведе Американка на погрешно место

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Гастонија и Швајцарија немаат премногу сличности. Но, Оливија Гарсија не го знаела тоа бидејќи ја напуштила Флорида за да го посети малото село Гастонија, опкружено со снежни планини во Северна Каролина, поради видео на „Тик-ток“. Не била свесна дека зад видеото се крие шега на еден 22-годишен млад човек, кој под снимката од швајцарското село напишал дека станува збор за Гастонија.

Оливија со семејството тргнала на патување во Каролина, Флорида, за да види што се случува во тој дел од земјата по зимската бура Изи што се случи минатата недела.

Додека возела до паркот Ејнџел оук во Чарлстон, 26-годишната девојка нашла видео на „Тик-ток“ што ја фасцинирало. На видеото било прикажано селце со прекрасни планини, а под видеото пишувало дека станува збор за Гастонија. Така, го убедила нејзиното семејство да го посетат местото.

@realzacharykeesee Reply to @johnzimmerschied Gastonia, North Carolina. A TRUE gem 💎 #gastonia #northcarolina #switzerland #nc ♬ original sound - bradenjstanley
- Јас сум од Јужна Флорида, па она што е најблиску до планините тука се депонии, поради што бев многу возбудена кога го видов видеото. Никогаш не сум била во Гастонија, а самото име ми звучеше како да излегло од дизни-филм - вели таа.

Она што не го знаела е дека видеото всушност ги прикажува пејзажите на швајцарското село Лаутербрунен, а не Гастонија во Северна Каролина.

Како што вели, набрзо сфатила дека нешто не е во ред: немало планини на видик, само бензински пумпи и тоалети што не работеле.

- Единствените планини во близина беа од планински парк - вели таа.

- Сигурна сум дека постои подобар дел од градот, но не останавме доволно долго за да дознаеме. Заклучок од приказната: не верувајте во сѐ што ќе видите на интернет - додава таа.

Главниот виновник за ова недоразбирање е 22-годишниот Захари Киси, кој признал дека му е жал за целата ситуација.

Ова видео, кое Киси го позајмил од својот татко кој пред две години ја посетил Швајцарија, е едно од 19. „Not Karolina“ снимки кои беа објавени во изминатите неколку недели, а досега има повеќе од 5,7 милиони прегледи.

- Жал ми е ако луѓето не го разбираат хуморот, но не треба да верувате во сѐ што ќе видите на интернет. Секогаш прво проверете - вели тој.

Извор: b92.net
Фото: