Како да вратите избришани фотографии на ајфон?

Како да вратите избришани фотографии на ајфон?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во денешно време најмногу спомени зачувуваме на нашиот телефон. Меѓутоа, што доколку случајно ги избришете сите фотографии од телефонот?

Кога станува збор за ајфоните, потешко е да ги изгубите фотографиите отколку самиот телефон. Само треба да знаете каде да барате откако случајно ќе ги избришете фотографиите. Сите избришани фотографии на ајфоните одат во папка наречена „Recently deleted“ и стојат таму 30 дена, а потоа трајно се бришат, пишува „Ментал флос“.

Откако ќе ја најдете папката со избришани фотографии, може да ги вратите на старата локација со нивно селектирање и одбирање на опцијата „Recover“ на долниот десен дел од екранот.

Потешко е да се најдат фотографии што биле избришани пред повеќе од 30 дена, а во овој случај може да се обидете со барање на папката за избришани фотографии во „Ајклауд“. Може да се обидете и со враќање на старата верзија од ајфонот која била зачувана со „бекап“. Ова ќе ги врати сите податоци што биле на телефонот кога било извршено последното зачувување, вклучувајќи и избришани апликации, пораки и фотографии.

Доколку користите „Ајтјунс“ или друга апликација за зачувување на податоците на телефонот, може да ги вратите старите податоци оттаму.

Автор: Мишел Дебчак
Извор: mentalfloss.com
Фото: Pixabay