Ново истражување објаснува зошто женските единки кај цицачите живеат подолго

Ново истражување објаснува зошто женските единки кај цицачите живеат подолго

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ново истражување што го следело животниот век на дивите цицачи покажува дека женките живеат значително подолго од мажјаците. Истражувањето открива дека женките живееле 18,6% подолго од мажјаците од својот вид. Ова е многу подолго од разликата помеѓу мажите и жените кај луѓето, која изнесува 8%.

Научниците велат дека разликите кај овие цицачи се резултат на комбинација од карактеристики кои се специфични за полот и локални природни фактори. Кај луѓето, 9 од 10 луѓе што ја доживуваат 110-тата година се жени. Според научниците, ова е непроменето од првите записи на новородени во 18 век. Научниците претпоставувале дека истата разлика се јавува и кај другите животински видови, но податоците за цицачите  се во дивината биле оскудни.


Фото: Pixabay

Сега, меѓународен тим на истражувачи направил анализа на диви животни од 101 вид. Кај 60% од анализираните видови женките живееле подолго од мажјаците. Според анализата на еден вид овца што живеела во регион во кој зимите биле особено студени, машките единки користат повеќе ресурси за сексуален натпревар, односно за да имаат поголема телесна маса, со што стануваат почувствителни на временските услови. Ова може да ја објасни разликата помеѓу животниот век на женските и машките цицачи. Научниците откриле и дека иако женките живеат подолго од мажјаците, мажите не се изложуваат на повеќе ризици во својот живот како што стареат.


Фото: Pixabay

Според друго неодамнешно истражување, генските разлики помеѓу мажите и жените се клучот за разликата во животниот век. Кај луѓето, клетките имаат различни хромозоми во зависност од полот. Теоретското објаснување е дека дополнителниот Х-хромозом кај жените има заштитна улога против штетните мутации.

Автор: Мет Мекграт
Извор: Би-би-си