Како би изгледала серијата „Последниот од нас“ доколку е снимена на Балканот

Како би изгледала серијата „Последниот од нас“ доколку е снимена на Балканот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Српскиот јутјубер Милош Милаковиќ на својот канал на „Јутјуб“ објавил пародија на популарната серија „Последниот од нас“ (The last of us), која брзо ги освои социјалните мрежи.

Постапокалиптичната драма го следи главниот лик кој се обидува да преживее штитејќи 14-годишно девојче кое можеби е последна надеж на човештвото. Приказната се одвива 20 години по пандемија предизвикана од габа која ги претвора луѓето во чудовишта.

Во пародијата на популарната серија, режирана од Јасмила Жбаниќ, а во која главниот лик го толкува токму Милош, се покажува како би изгледала серијата доколку се одвива на Балканот. Коментарите се позитивни, а во некои може да се прочита дека пародијата е подобра од оригиналот. Погледнете ја во продолжение.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)