Во „Оксфорд“ се тестира алатка за дијагностицирање рак на простата со вештачка интелигенција

Во „Оксфорд“ се тестира алатка за дијагностицирање рак на простата со вештачка интелигенција

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Нов софтвер со вештачка интелигенција (AИ) кој може да помогне во забележувањето рак на простата се тестира од страна на истражувачите во универзитетските болници на „Оксфорд“.

Истражувачите и докторите во „Оксфорд“ почнаа со евалуација на софтвер со вештачка интелигенција кој би можел да им помогне на патолозите да дијагностицираат рак на простата.

Тестирањето на технологијата во клинички услови е клучна пресвртница во студија водена од Универзитетот, а целта на овој двегодишен проект е да се истражи користењето на вештачката интелигенција во дијагностицирањето на ракот на простата со користење компјутерски асистиран систем со кој би им се помогнало на патолозите да детектираат, оценуваат и мерат тумори во биопсии на простата или примероци од ткиво.

Патолозите од „Оксфорд“ користат АИ апликации за да им помогнат во читањето на биопсиите на простатата. Технологијата треба да обележи сомнителни области преку идентификување на знаците за малигни клетки фатени во претходни големи бази на податоци од биопсии. Исто така, таа проценува колкава е присутноста на туморот и колку е агресивен.

- Една од клучните цели во здравството е точна дијагноза на рак во што порани фази за да може побрзо да се даде терапија и на крајот да има подобрувања на резултатите на пациентите. Ако можеме да ја искористиме оваа дијагностичка технологија да го постигне тоа, ќе имаме одлични вести за пациентите - истакна Клер Верил, која го води проектот.

Во Велика Британија секоја година се забележуваат околу 46.000 нови случаи на рак на простата, што е 12-процентно зголемување во последните 10 години.

Извор и фото: University of Oxford