Бранови од стакло - како е направена една од најсложените фасади денес
Новиот театар „Гласхаус“, сместен во Центарот за изведувачки уметности на Квинсленд, е импресивно архитектонско достигнување, дефинирано со брановидна стаклена фасада и амбиција да се редефинира начинот на кој еден голем културен објект се поврзува со градот.
Просторот со 1.500 седишта го прави објектот најголемиот центар за изведувачки уметности под еден покрив во земјата. Тоа е единствениот театар во Австралија во кој може да се презентира балет, танц, симфониска музика, опера, драма и мјузикли од светска класа на исто ниво.
Проектот го реализирало локалното студио „Блајт Рејнер архитектура“ во соработка со норвешката компанија „Снохета“, според победничкото решение на меѓународниот натпревар во 2019 година.
Конзола од шест метри
Проектната задача дозволила конзоли од околу шест метри кон улицата, со цел да се обезбеди потребната површина на парцелата над постојниот зелен простор „Плејхаус“. Идејата на архитектите била да се формира максимално транспарентна закривена линија на конзолата, со цел да се намали нејзиното визуелно влијание.
Концептот на брановидната стаклена фасада е инспириран од прозно-поетскиот текст на абориџинската уметница Лила Вотсон, кој ги евоцира брановите на реката Бризбејн и движењето на рибите под нејзината површина.
Брановидната фасада се состои од стаклени панели високи околу седум метри, распоредени на две нивоа, а секој елемент е уникатен и не се повторува.
Контрасти во ентериерот
- Аудиториумот е замислен како приспособлив простор за широк спектар на уметнички форми. Одговара за опера, балет, танц, симфониска музика, театар и мјузикли од светска класа - вели Гумџи Канг, директор на „Снохета“ за Австралија и Азија.
Растојанието од сцената до најоддалеченото седиште е само 28 метри, што придонесува за исклучително интимна атмосфера, дополнително нагласена од балконите што го опкружуваат просторот.
Овој проект покажува дека модерните стаклени фасади повеќе не се стандардизирани системи, туку резултат на дизајн, прецизна изработка и софистицирана монтажа.
Извор: gradnja.rs
Фото: YouTube screenshot