Лајкамобајл во партнерство со „Меѓаши“ и повеќе општини обезбеди бесплатен мобилен интернет за 2.000 ученици со тешкотии во следење на онлајн-наставата

Лајкамобајл во партнерство со „Меѓаши“ и повеќе општини обезбеди бесплатен мобилен интернет за 2.000 ученици со тешкотии во следење на онлајн-наставата

Лајкамобајл во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ – Република Македонија започна акција за помош и поддршка на ученици од основните и од средните училишта кои немаат соодветен пристап до интернет поради социјалната состојба во која се наоѓаат и не се во можност редовно да ја следат наставата на далечина до крајот на оваа учебната година.

За оваа цел, Лајкамобаjл донира 2.000 СИМ-картички со тарифен пакет Mega Data, кој вклучува интернет од 20 гигабајти месечно, кој учениците може да го користат бесплатно и без дополнителни трошоци секој од следните месеци до крајот на јуни 2021 година. Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 2.000 ученици на кои им е неопходен непречен и брз пристап до интернет, во над 50 основни и средни училишта од следните општини: Гази Баба и Аеродром Скопје, Дебар, Гостивар, Маврово и Ростуше, Велес, Виница, Берово, Битола, Охрид, Шуто Оризари, Куманово и Македонски Брод. Реализацијата на донацијата е во тек.



- Горд сум што можам да го најавам овој проект во кој учествуваме заедно со Детската амбасада „Меѓаши“. Во период кога предизвиците од ковид-кризата се сè поголеми и кога на секој ученик му е потребен гигабајт повеќе, на овој начин сакаме да се осигуриме дека и децата на кои им е најпотребна поддршка, ќе можат непречено да продолжат да ја следат онлајн-наставата до крајот на учебната година и да постигнат најдобри успеси и знаења.
Исто така, веруваме дека ќе бидеме во можност проектот да го продолжиме и на почетокот на следната учебна година со цел да ги ублажиме последиците од тековната пандемија - изјави генералниот менаџер на Лајкамобајл Македонија, Владимир Николиќ.


- Секоја граѓанска акција што е поддржана од општествено одговорна компанија, како што во овој случај е Лајкамобајл, особено во криза, за време на пандемија кога, за жал, не може секое дете да оствари квалитетно далечинско учење со брз интернет и основни помагала за следење на истата, е од особена важност. Наша клучна задача е да им помогнеме на ранливите категории семејства, поточно на децата што немаат пристап до интернет и да им овозможиме еднакви можности за пристап до образованието. Со оваа активност иницираме и поттикнуваме враќање на вредностите на филантропија, солидарност и емпатија, во време кога тие се неопходни - изјави Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.



Оваа донаторска активност Лајкамобајл групата ја спроведува и во останати земји.
Лајкамобајл групата е најголемиот светски мобилен виртуелен мрежен оператор, кој нуди брз мобилен интернет и говорни услуги за повеќе од 16 милиони корисници во 25 земји и четири континенти во светот. Кај нас оваа компанија започна со работа во 2016 година и веќе е препознатлива по понуда која вклучува пакети со мобилни комуникациски услуги со многу поволности достапни по атрактивни цени, врвен квалитет и без договорни обврски.

За повеќе информации за Лајкамобајл, посетете ја страницата: www.lycamobile.mk
За повеќе информации за Детската амбасада „Меѓаши“, посетете ја страницата: www.childrensembassy.org.mk.

(Комерцијална објава)