Најголемиот 3Д-печатач во светот може да изгради мала куќа за 80 часа

Најголемиот 3Д-печатач во светот може да изгради мала куќа за 80 часа

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Универзитетот во Мејн го сруши светскиот рекорд создавајќи го најголемиот полимерен 3Д-печатач и отворајќи го патот кон иднината на одржливото производство.

Во 2019 година го лансира првиот 3Д-печатач кој изгради куќа од 600 квадратни метри направена од материјали што може да се рециклираат. Поголемиот и подобар 3Д-печатач „Фабрика на иднината 1.0“ е тука да му помогне на својот претходник да ја постигне целта да обезбеди повеќе за помалку.

3Д-печатачот изгради станови со пристапни цени

Од Универзитетот, кој има долгогодишна соработка со американската влада, сакале да покажат дека 3Д-печатачот може да создаде дом со помал јаглероден отпечаток - бидејќи градежната индустрија произведува околу 37% од емисиите на стакленички гасови, според Програмата за животна средина на Обединетите нации.

Новиот печатач печати четири пати побрзо, што значи дека може да отпечати биодом за околу 80 часа. Изградбата на еден кат од бунгалов, на пример, може да потрае неколку месеци, но овој печатач може да го заврши проектот за помалку од четири дена.

- Целта не беше да се изгради евтина куќа, туку да се изгради куќа во која луѓето ќе сакаат да живеат - истакнал д-р Хабиб Дагер, директор на Центарот за напредни структури и композити на Универзитетот во Мејн.

Термопластичниот полимерен печатач може да печати предмети со должина од 96 стапки, ширина од 32 стапки и 18 стапки висина - трошејќи материјал во вредност од 500 фунти, на час. Неговата примена се движи од индустрии до национална безбедност - што значи, ако треба брзо да градат бродови, имаат технологија да го направат и тоа.

Иако вообичаено потребни се години за да се изградат воени бродови, во Втората светска војна САД ги создадоа бродовите „Либерти“ за 42 дена. Овие големи 3Д-печатачи би можеле да ја достигнат таа брзина и можеби да ја надминат доколку е потребно.

Универзитетот во Мејн може да развие суровини базирани на био, локални извори, да печати домови со пристапни цени и брзо да ги исполни барањата за национална безбедност. Но новиот 3Д-печатач е само почеток. Целта е создавање одржливи производствени практики и пополнување на празнината во однос на работната сила.

 

Извор: interestinengineering.com

Фото: YouTube screenshot