Јаневска: Со 34 милиони евра Владата ќе ја поддржи модернизацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Јаневска: Со 34 милиони евра Владата ќе ја поддржи модернизацијата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Универзитетот „Мајка Тереза“ е нашиот најмлад државен универзитет. Владата е посветена кон обезбедување ресурси потребни тој и натаму да се развива. Со буџет од 34 милиони евра кои ќе се обезбедуваат етапно, почнувајќи од оваа и во текот на следните пет години, ќе го поддржи градењето на модерен кампус кој ќе биде центар за академска извонредност, за наука и технологија. Студентите и наставниот кадар ќе добијат современи услови за работа и напредување.

Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната церемонија организирана по повод примопредавањето на должноста ректор на оваа високообразовна установа.

Посакувајќи му добредојде на новата функција на проф. д-р Беким Фетаји, министерката Јаневска изрази очекување дека тој ќе продолжи со визијата за уште поголем раст на квалитетот на студиските програми и со својата стручност ќе придонесе универзитетот да се развива како модерна образовна и научна институција, достојна за поддршката што ја добива.