Многу често плаче за ситници, вреска, си ја кубе косата и си ја гризе раката. Многу сум загрижена...

Многу често плаче за ситници, вреска, си ја кубе косата и си ја гризе раката. Многу сум загрижена...

Мајка сум на 3-годишно девојче и на 9-месечно синче. Ќерка ми многу е хиперактивна и постојано прави глупости, знае понекогаш да го искуби брат ѝ, да го удри или да му стави нешто во уста. Многу често плаче за ситници, а и кога плаче, вреска на цел глас, знае да почне сама да си ја кубе косата, да се гризне на раката и легнува на под. Постојано прашува што сум ѝ купила и ако ѝ купам нешто што не го сака, го зема и го фрла. Имаме и многу голем проблем со мобилниот, ако не ѝ го дадеме, почнува со плачење, викање, фрлање играчка и легнување на под.
Многу ретко знае да се заигра сама дома, а ми кажува дека во градинка со никој не си игра. Одбива да ѝ покажуваш нешто и кога ја учиш, не слуша и бега. Знаат и од градинка да ми се пожалат дека не е мирна и не ги слуша. Кога ќе направи глупост најчесто јас, татко ѝ или баба ѝ да ја казниме да стои во ќош. Потоа се извинува, но пак ја повторува истата грешка.
Разговарам постојано со убаво, но како да не ме разбира. Ве молам за помош, многу сум загрижена за нејзиното однесување.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк