Оглас за пракса во АрцелорМиттал

Оглас за пракса во АрцелорМиттал

АрцелорМиттал е водечки светски производител на челик со претставништва во повеќе од 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

 

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје нуди пракса со полно работно време во:
- Сектор за Човечки ресурси и правни работи
- Оддел за Валање (студенти од Машински факултет)

 

Придобивки:

 

- 3 месечна практикантска работа со ментор
- континуиран процес на учење и развој на вештини
- покриени трошоци за превоз и храна
- професионална работна атмосфера
- стекнување искуство во меѓународна компанија

 

Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) кои имаат добри компјутерски вештини, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV на HRJobs.Skopje@mittalco.com, со назнака „Апликација за пракса – Одделот во кој аплицирате“

 

Краен рок за аплицирање 10 јуни 2019 г.