Да не се разочарате од одењето во Грција - Нема капење во сите базени, а собите ќе си ги одржувате сами

Да не се разочарате од одењето во Грција - Нема капење во сите базени, а собите ќе си ги одржувате сами

Подготвил: Билјана Арсовска

Пред да изберете хотел во кој ќе престојувате летово, а преферирате базени, не би било лошо да внимавате на тоа кој ги има во понудата бидејќи на затворените базени сѐ уште им е забранета работата. Имено, од грчката амбасада во Белград истакнале дека според важечките законски рамки, дозволено е да работат само надворешните базени во хотелите.


Исто така, ниту во затворените базени нема да може да влезе кој кога сака бидејќи Националната организација за јавно здравје во Грција пропишала правило бројот на капачи, односно густината во базените, да се смета со индекс 5 метри квадратни водена површина по лице. Тоа значи дека во еден среден базен не може да влезат повеќе од 30 лица.

Исто така, упатството на организацијата пропишува распоредот на лежалките, столчињата и пешкирите треба да биде таков што растојанието меѓу краевите на седиштата на две лица под два различни чадора да биде најмалку 2 метра во секој правец.

За хотелите се препорачува местата за седење, столчињата, копчињата за повикување на вработени и ценовниците да се покриваат со материјали кои можат ефикасно да се дезинфицираат. Сето тоа исто така треба да се дезинфицира по заминувањето на гостите и пред да го употребат новите гости.

- На хотелите им се препорачува во понудата да имаат пешкири со кои ќе ја прекријат целата површина на лежалката и да го дезинфицираат секое седиште по секоја употреба. Се препорачува отстранување на ткаенини од лежалките - стои во упатството.


Сите менаџери на ресторани и барови, според оваа директива, се должни да спроведуваат социјално дистанцирање со оддалечување на столчињата и местата за гостите.


Сезонските хотели и одморалишта во Грција се отвораат на 15 јуни, а според новите правила, престојот во нашата омилена летна дестинација ќе се разликува и по тоа што гостите ќе бидат надгледувани и сами ќе мораат да ја менуваат постелнината, а ќе биде забранета и посета на хотелите за сите оние кои не се гости.

Секој хотел ќе мора да води евиденција на вработените и на сите гости во хотелот: име, државјанство, датум на пристигање и заминување, контакт-податоци за да може да се стапи во контакт со нив ако се случи некој да се заболи од коронавирус. Во книгата на дневните активности треба да се забележува сѐ што се случувало.

Според упатствата, гостите со симптоми треба да се надгледуваат дискретно. Вработените мора да бидат способни да ги препознаат симптомите и директно да пријават кај здравствен координатор. Исто така, треба да се избегнува и често чистење на просториите за време на престојот на гостите, а секојдневното менување на постелнината треба да се избегнува и да се спроведува само на барање на гостите. Далечинските управувачи за телевизорите и клима-уредите мора да имаат обвивки за еднократна употреба.

Секој хотел во Грција е должен да состави и почитува протокол во согласност со упатствата на Министерството за туризам. Сите туристички сместувачки објекти, без оглед на големината, се должни да направат оперативен план за да можат да управуваат со сомнителните случаи на коронавирус, во согласност со упатствата. И секоја установа мора да именува координатор кој ќе надгледува дали правилно се управува со сомнителните случаи.


Извор: B92
Насловна фотографија: Pixabay