Научници градат „црна кутија“ за Земјата во случај на апокалипса

Научници градат „црна кутија“ за Земјата во случај на апокалипса

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците работат на подготовка на „црна кутија“ во случај на крајот на светот. Што значи тоа?

Доколку човештвото изумре, големата неуништлива кутија треба да ги чува научните податоци кои ќе им помогнат на идните цивилизации да дознаат како живееле и како изумреле луѓето. Тоа ќе биде голема метална структура која ќе биде изградена во скриен ден од Тасманија.

Се нарекува црна кутија како споредба со црните кутии во авионите кои се создадени да не бидат уништени за да зачуваат клучни информации во случај на несреќа.

На црната кутија за нашата планета работат истражувачи од Универзитетот во Тасманија, маркетинг-агенцијата „Клеменџер ББДО“ и креативната агенција „Д глу сосајети“.

Истражувачите планираат да забележуваат податоци за климата во кутијата, како нивоа на јаглероден диоксид во атмосферата и температура на морето. Во неа ќе има и други информации, како наслови на вести и објави на социјални мрежи. Во кутијата ќе има уреди за чување поврзани со интернет кои ќе работат со помош на соларни панели на покривот на кутијата.

- Доколку навистина се случи најлошото, и ако енергетската мрежа престане да функционира, ова сè уште ќе биде тука - изјавил Џонатан Нибон, еден од основачите на „Д глу сосајети“.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Freepik