Идните астронаути на Марс можеби ќе носат штитови од габи што растат во Чернобил

Идните астронаути на Марс можеби ќе носат штитови од габи што растат во Чернобил

Подготвил: Драгана Петрушевска

Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат астрономите кои работат на човечките мисии на Марс во иднина е заштитата на астрономите од смртоносните космички зраци. Сега, научници на повеќе универзитети велат дека има сè поголеми докази дека може да се најде решение во Чернобил.

Имено, се размислува за изградба на заштитни штитови од габите кои растат во близина на нуклеарната централа во Чернобил, а ја апсорбираат радијацијата. „Њу сајентист

“ известува дека овие габи може да блокираат некои космички зраци, а тоа се покажало по спроведување тест на Меѓународната вселенска станица.



Фото: Freepik

Научници од универзитетите „Џонс Хопкинс“ и „Стенфорд“, кои го спровеле истражувањето за габите, откриле дека екстремно тенок слој од габата Cryptococcus neoformans можела да го блокира и апсорбира 2% од космичките зраци на кои била изложена на Меѓународната

вселенска станица.

Тоа не е доволно за да ги заштити астронаутите, но примерокот кој се тестирал бил дебел само два милиметри. Научниците сметаат дека слој дебел 21 центиметар би бил доволен за да ги заштити идните астронаути на Марс.


Фото: Freepik

Освен тоа, потребни се само неколку грами од габата за таа да започне да расте. Габата потоа расте самата и се поправа доколку е оштетена, па дури и доколку штитот е оштетен од силни сончеви зраци, габата може да порасне и да го поправи штитот за неколку денови.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com