Научници развиле „генератор за храна“ - ја претвора пластиката во протеин што го јадат микроорганизмите

Научници развиле „генератор за храна“ - ја претвора пластиката во протеин што го јадат микроорганизмите

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Човештвото има проблем со пластиката, но кој рече дека тој проблем не може да биде вкусен? Научниците се обидуваат да смислат креативни решенија за да го решат сè поголемиот проблем, па неодамна двајца научници добија награда од 1,18 милион долари за создавање концепт за „генератор“ на храна кој ја претвора пластиката во протеин.

Зад проектот стојат Тинг Лу, професор по биоинженерство на Универзитетот во Илионис, и Стивен Техтман, доцент по биолошки науки на Технолошкиот универзитет во Мичиген.

Нивната цел била подобрување на процесот за претворање на пластичниот отпад во протеински прав и лубриканти користејќи комбинација од хемикалии и високи температури (пиролиза). Двајцата научници за нивниот проект велат дека е „генератор“ на храна.

Истражувачите замислуваат систем во кој индивидуи ќе можат да депонираат пластичен отпад или биомаса што не може да се јаде. Отпадот потоа оди во реактори за процесирање каде што се користи топлина за да се разбие. Нуспроизводот потоа се става во резервоар со бактериска популација, која се храни од него. Клетките потоа се сушат и се претвораат во прав, а потоа се складираат за понатамошна употреба.

Истражувачите експериментираат со разни ПЕТ-материјали за да ја најдат оптималната големина на честичките и параметрите за преработка за намалување на користењето на енергија додека се произведува производ кој ќе биде изеден од микроорганизмите. Оваа техника има потенцијал да овозможи безбедна и одржлива набавка на храна додека ја намалува еколошката штета предизвикана од пластичниот отпад.

Извор и фотографија: Interesting Engineering