Оглас за вработување во Максимилијан. Отворени се повеќе работни позиции
Меѓународно училиште Максимилијан објавува оглас за вработување на посветени и
квалификувани наставници за следните позиции:
1. Наставник по англиски јазик
○ Потребно образование: завршено високо образование VII/I степен или 240
ЕКТС од соодветната област-наставна насока
○ Претходно искуство во настава по англиски јазик.
○ Познавање на современи наставни методи и алатки.
2. Наставник по германски јазик
○ Потребно образование: завршено високо образование VII/I степен или 240
ЕКТС од соодветната област-наставна насока
○ Искуство во настава по германски јазик
○ Одлични комуникациски вештини и способност за мотивација на учениците.
3. Одделенски наставник
○ Потребно образование: Диплома од Педагошки факултет (одделенска
настава) или сродна област.
○ Претходно искуство во основно образование, работа со деца од
предучилишна и училишна возраст.
○ Способност за управување со динамичен образовен процес, планирање и
реализација на наставата според современи стандарди.
Наставник по природни науки (договор на дело - part-time)
• Потребно образование: Диплома по биологија, хемија, физика или сродна област.
• Претходно искуство во настава на природни науки е предност.
• Способност за пренесување на сложени научни концепти на учениците на разбирлив и интересен начин.
Што бараме:
● Одлични комуникациски и интерперсонални вештини.
● Способност за работа во тим и адаптибилност кон мултикултурна средина.
● Креативен и иновативен пристап во наставата, со користење на модерни
технологии.
● Висок степен на професионализам и посветеност на работата.
Што нудиме:
● Работно место во инспиративно и поддржувачко опкружување.
● Конкурентна плата со можности за бонуси врз основа на резултати.
● Постојани обуки и можности за унапредување.
● Модерно опремени училници и ресурси за настава.
● Поддршка од искусен и мотивиран тим на колеги.
Аплицирање:
Доколку ги исполнувате горенаведените критериуми и сте мотивирани да придонесете во
развојот на нашите ученици, испратете ја вашата биографија (CV) и мотивациско писмо на
jobs@maximilian.edu.mk најдоцна до 06.09.2024.
Со нетрпение очекуваме да ги разгледаме вашите апликации и да станете дел од нашиот
тим!