Најдобрите серии во историјата според „Ролинг стоун“

Најдобрите серии во историјата според „Ролинг стоун“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Угледното списание „Ролинг стоун“ објави листа со сто најдобри телевизиски серии во историјата. На првото место се наоѓа легендарната серија „Сопранови“.

Списанието првпат ја објавило листата со најдобри серии во 2016 година, а ова е нејзиното ново издание. Како и првиот пат, листата се темели на гласањето на актери, продуценти, критичари и други лица од телевизиската индустрија.

На првото место, исто како и во 2016 година, се наоѓа „Сопранови“. Серијата се прикажувала на Ејч-би-о од 1999 до 2007 година, а нејзин автор е Дејвид Чејс. Серијата ни го даде ликот на бесмртниот американски антијунак Тони Сопрано, кој води група гангстери кои истовремено се оштетени сопрузи и татковци, мажи кои се обидуваат да живеат со своите тајни и мрачни искуства.


На второ место се наоѓа серијата „Симпсонови“, која се прикажува веќе 33 години и е најдолготрајна телевизиска комедија во историјата. „Да станеш лош“ (Breaking bad) се наоѓа на третото место. Приказната е за средношколски професор по хемија кој станува произведувач и дилер на дрога.

На листата со 10 најдобри серии се и „Жица“ (Wire), „Сајнфилд“ и „Атланта“. Целата листа со 100 најдобри серии во историјата според „Ролинг стоун“ може да ја погледнете овде.

Извор: Index
Насловна фотографија: Pixabay