Документите за продолжување студентска стипендија може да се поднесат од 1 до 30 октомври

Документите за продолжување студентска стипендија може да се поднесат од 1 до 30 октомври

Министерството за образование и наука извести дека сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, документите за продолжување можат да ги достават од 1 до 30 октомври.

-Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија - стои во соопштението.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на e-uslugi.mon.gov.mk.

За каква било информација или прашање студентите можат да се обратат на електронската пошта studentski.stipendii@mon.gov.mk.