За задржувањето на лентата за М-ТАГ, наставничката по пијано првак во планински велосипедизам, една од добитниците на „Инженерски прстен“... Што пишувавме неделава

За задржувањето на лентата за М-ТАГ, наставничката по пијано првак во планински велосипедизам, една од добитниците на „Инженерски прстен“... Што пишувавме неделава

Доцнење наместо привилегија: Возачи со М-ТАГ мора да чекаат на брза лента на патарина зашто на неа се плаќа и со картичка

Модернизирањето на наплатните станици со воведување наплата со М-ТАГ и М-Кард требаше да го олесни патувањето и да го намали чекањето, но кога има малку зголемена фреквенција на патиштата, на виделина излегуваат некои проблеми при поминувањето и наплаќањето на патарини.

Дуња Иванова, наставник по пијано, доктор на филозофски науки и првак во планински велосипедизам: „Музиката и спортот прават прекрасна хармонија, а книгата е прапочеток на нештата“

„Музиката, спортот и книгата се најголем извор на енергија. Првите две се контрапункт една на друга, но заедно прават прекрасна хармонија, а од книгата тргнува сѐ, таа е прапочеток на нештата“, вели Дуња Иванова, наставник по пијано, доктор на филозофски науки и првак во планински велосипедизам

90 години Хидробиолошки завод – Охрид: Ако сакаме по 100 години да се гордееме со природните езера, потребна е уште посилна соработка меѓу науката, државата и граѓаните“

ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид своето основање во далечната 1935 година и понесување на епитетот прва научна институција на Балканот го должи на иницијативата и заложбите на академик Синиша Станковиќ, научник од светски глас, великан во лимнологијата и во научната мисла воопшто, вљубеник во Охридското Езеро, негов голем познавач и промотор.

„Се гледам како инженер кој ја користи креативноста за да создава простори што го подобруваат животот на луѓето“, вели Сара Панева, добитничка на „Инженерски прстен“

„Инженерскиот прстен е круна на моето досегашно образование и еден вид печат на сите години труд, истрајност и љубов кон професијата“, вели Сара Панева од Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип по добивањето на наградата „Инженерски прстен“.