Метју Пери: „Понекогаш не можеме сами да ги победиме најтешките битки“
На денешен ден, 28 октомври, во 2023 година, почина Метју Пери, актерот кој на милиони гледачи ширум светот им стана омилен како Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“. Имаше 54 години. Зад препознатливиот хумор и сарказмот по кои го паметиме се криеше човек кој отворено зборуваше за своите животни борби, потрагата по среќа и желбата да им помага на другите.
Во своите интервјуа и мемоари остави искрени мисли за љубовта, пријателството, соништата и храброста да се продолжи понатаму. Ова се некои од неговите цитати што и денес нè потсетуваат на важните работи во животот.
- Ако поминувате премногу време гледајќи во ретровизорот, ќе го удрите автомобилот.
- Aко ги обвинувате родителите за лошите работи во животот, тогаш мора да им оддадете признание и за добрите.
- Мислам дека мора сите твои соништа да се остварат за да сфатиш дека тоа биле погрешните соништа.
- Многу е чудно да живееш во свет каде што, ако умреш, луѓето ќе бидат шокирани, но никој нема да биде изненаден.
- Знај повеќе, зборувај помалку.
- Реалноста е вкус што се стекнува.
- Пронајди пријател кој ќе се откаже од нешто заедно со тебе - ќе се изненадиш што сè може тоа да направи за едно пријателство.
- Постои погрешниот начин, кога едноставно се откажувате, а постои и многу потежок начин, кога возвраќате со борба. Јас тргнав по потешкиот начин и излегов од тоа сосема добро.
- Како човек кој живееше, сакаше вистински, живееше добро и им помагаше на луѓето... Сакам луѓето да паметат дека средбата со мене била добра работа, а не нешто лошо.
- Понекогаш не можеме сами да ги победиме најтешките битки.
- Јас сум дете од Канада чии сите соништа се остварија - само што тоа беа погрешните соништа. И наместо да се откажам, се променив и пронајдов нови соништа.
- Љубовта и храброста, човеку - двете најважни нешта. Веќе не одам напред со страв - одам напред со љубопитност.
- Постигнав многу во мојот живот, но сè уште има толку многу работи што треба да се направат, што ме исполнува со возбуда секој ден.
- Имам потреба од љубов, но не ѝ верувам. Ако ја спуштам мојата „маска“, мојот Чендлер, и ви покажам кој сум навистина, можеби ќе ме забележите, но уште полошо - можеби ќе ме забележите и ќе ме оставите. А јас тоа не можам да го преживеам.
- Секогаш постои светлина во темнината. Таа е таму, само треба да барате доволно упорно за да ја најдете.
Извор:
Brainyguote.com
Фото: Screenshot/YouTube