Награда „Колега Стиков“ за научно репортерство
НАУКА ЗА ДЕЦА, Фондација КАНТАРОТ и семејството Стикови по третпат ја распишуваат наградата „Колега Стиков“, во чест на доајенот на македонското спортско новинарство и еден од најпрепознатливите радиогласови во нашата историја.
Сакаме да го слушнеме вашиот глас како млади научни репортери!
Темата на овогодишниот конкурс е македонската наука. Пронајдете приказна што вреди да се раскаже: изум или откритие на научник родум од Македонија чија работа заслужува да биде позната.
Кој може да учествува?
Сите ученици и млади на возраст до 18 години.
Што треба да направите?
Подгответе оригинална мултимедијална содржина, не подолга од пет минути. На пример:
- Видео-репортажа за македонски научен изум или откритие;
- Интервју со научник родум од Македонија;
- Поткаст за македонски научник и неговата работа;
- Краток документарен прилог за научен настан во Македонија;
Откријте ја приказната зад науката: кој ја создал, како се родила идејата и зошто светот треба да ја слушне!
Што добива победникот?
Стручна комисија од истакнати новинари и научници ќе го избере најдобриот прилог. Победникот ќе добие 30,000 денари, како и можност за менторство и практично искуство со врвни професионалци!
Како да се пријавите?
Испратете го вашиот прилог на: naukazadeca.mk@gmail.com
Со податоци: име и презиме, возраст, училиште, град и телефон за контакт.
Рок за пријавување: 31.10.2026