Веб-страницата „Dictionary.com“ го прогласи зборот на годината

Веб-страницата „Dictionary.com“ го прогласи зборот на годината

Зборот „maxxing“, кој означува настојување нешто максимално да се унапреди или оптимизира, е прогласен за збор на годината за 2026 година на веб-страницата„Dictionary.com“.

Овој збор е избран поради наглиот пораст на употребата во различни области од животот, од исхраната и вештачката интелигенција до физичкиот изглед и животните навики.

„Maxxing“ постои во различни облици со децении, но неговата популарност во последните години беше поттикната од изразот „looksmaxxing“ на инфлуенсерот познат како Клавикјулар, кој означува вложување големи напори во подобрувањето на физичкиот изглед.

Директорот на лексикографија во „Дикшнери медија груп“, Стив Џонсон, изјави дека изразот се издвоил бидејќи се користи во различни контексти, како на пример „proteinmaxx“ за исхрана, „tokenmaxx“ за користење вештачка интелигенција и „cozymaxx“ за опуштање.

Лингвистката Кели Рајт и нејзините колеги ја документирале употребата на овој јазичен образац уште од 1990 година, кога се појавил во контекст на играта „Данџнс енд драгонс“, преку објавите на форумот „4чен“ во текот на 2010-тите, па сè до изразите како „vibemaxxing“ и „vocabularymaxxing“ во 2025 година.

Според податоците од „Dictionary.com“, до август оваа година зборот во дигиталните медиуми се користел 19 пати почесто отколку што изнесувал неговиот месечен просек во текот на 2025 година.

Истражувачите предупредуваат дека постојаната тежнење кон оптимизација може да поттикне опседнатост со сопствената личност и претерана самокритика, како и желба за постигнување на идеализирана верзија од самите себе.

Сепак, лингвистите сметаат дека изразот би можел да опстане бидејќи го користат и луѓе од средна возраст и корпоративни брендови, иако е тешко да се предвиди колку долго ќе остане популарен.

Извор: Plataformamedia.com
Фото: Dictionary.com