Најдена врска меѓу високопроцесираната храна и некои видови рак

Најдена врска меѓу високопроцесираната храна и некои видови рак

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Според ново истражување водено од истражувачи од Универзитетот во Бристол и Меѓународната агенција за истражувања за рак, јадењето високопроцесирана храна е поврзано со зголемениот ризик за рак на устата, грлото и хранопроводот.

Истражувањето ги анализирало навиките за исхрана и животниот стил на 450.111 возрасни лица во период од 14 години.

Најголемо изненадување во истражувањето е дека дебелината како резултат на прекумерна консумација на високопроцесирана храна не била фактор кој придонесувал кон појавата на овие видови рак. Не била пронајдена врска помеѓу тежината на испитаниците и појавата на овие видови рак, туку помеѓу консумирањето високопроцесирана храна и ризикот од тие видови рак.

Високопроцесираната храна содржи многу адитиви, конзерванси, ароми, бои и емулгатори што може да бидат штетни за човековото тело, дури и кога не доведуваат до зголемување на телесната тежина. Освен тоа, пакувањето на храната и процесот на производство, исто така, може да доведат до токсични хемикалии во храната.

Сепак, истражувачите посочуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди забележаната врска.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay