Дали туширањето со студена вода навистина носи придобивки?
Во последниве години често се промовираат придобивките од туширањето со студена вода. Благодарение на инфлуенсери како Вим Хоф - кој практикува техники на дишење кои наводно му помагаат на човечкото тело да издржи екстремен студ - до виралните ледени бањи на Џо Роган кои ги промовира во своите поткасти, сè повеќе луѓе ја исклучуваат топлата вода од нивните дневни хигиенски навики.
Но, тие не го прават тоа за забава. На интернет многу луѓе тврдат дека туширањето со студена вода обезбедува различни здравствени придобивки - од подобрување на расположението до зајакнување на имунолошкиот систем. Сепак, спротивно на другите здравствени трендови поттикнати од социјалните медиуми, постојат вистински, научни докази дека туширањето со студена вода е многу повеќе од брз доток на енергија за будење наутро.
Придобивки според науката
Дури и „неколку минути“ под студен туш се доволни за да почнете да ги чувствувате ефектите.
Пред сè, туширањето со студена вода ја зголемува циркулацијата и го забрзува заздравувањето со привремено стеснување на крвните садови, предизвикувајќи крвните клетки да апсорбираат повеќе кислород од белите дробови, пред да се шират низ целото тело откако тоа ќе се загрее повторно. Повеќе кислород во крвта не само што му обезбедува на телото повеќе енергија, туку му помага и да ги поправи оштетените мускули по вежбањето, што го прави студениот туш одличен додаток на фитнес-рутините.
Студениот туш може да ги подобри расположението и менталната јасност. Според статија од клиниката „Кливленд“, „првичниот шок“ од потопувањето во студена вода предизвикува бран на будење. Студија од 2023 година открила дека луѓето се чувствувале поинспирирани, поактивни, повнимателни и погорди по петминутно капење во ладна вода.
Ограничени истражувања сугерираат дека терапијата со студена вода може да се користи за лекување депресија, при што една студија открила дека луѓето кои секојдневно се туширале со студена вода пријавиле намалување на нивните симптоми.
На крај, но не и најмалку важно, туширањето со студена може да го зајакне имунолошкиот систем со стимулирање на леукоцитите - бели крвни клетки кои се борат против инфекциите.

Но, туширањето со студена вида можеби нема да им користи на сите
Не значи дека туширањето со студена вода е чудотворен лек. Напротив, речиси секој здравствен експерт што го препорачува, исто така, предупредува дека тоа не е за секого.
Луѓето што страдаат од срцеви заболувања, висок крвен притисок, дијабетес или состојби чувствителни на студ, како што е Рејноовата болест, треба да се консултираат со лекар пред да ја намалат температурата на водата за туширање.
Извор: mentalfloss.com
Фото: Freepik