Холандски музичари ја изведуваат Симфонија бр.9 од Бетовен од своите домови

Холандски музичари ја изведуваат Симфонија бр.9 од Бетовен од своите домови

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

20 холандски музичари од Филхармонискиот оркестар во Ротердам биле принудени да останат дома поради пандемијата на коронавирусот. Сепак, тие успеале да се усогласат и да направат моќно видео за светот.

Видеото почнува со познатите ноти на Симфонија бр.9 од Бетовен, првпат отсвирена пред околу 200 години.

- Се приспособуваме на новата реалност и ќе мора да најдеме решенија за да се поддржиме меѓусебно. Креативните сили ни помагаат - напиша тимот на својот јутјуб-канал.

- Да размислуваме пошироко и да ги искористиме иновациите за да ја одржуваме нашата врска и за да функционираме заедно. Затоа што ако заедно го направиме тоа, ќе успееме - пишуваат тие.

Позната и како „хорска симфонија“, ова е првата симфонија со употреба на гласови што доаѓаат при крајот на композицијата.



Извор: Good News Network
Фото: Screenshot/YouTube