Македонски Телеком вработува инженер за дизајн на паметни IoT електронски уреди

Македонски Телеком вработува инженер за дизајн на паметни IoT електронски уреди

Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии – 5G, оптика, ИКТ и Cloud решенија за да обезбедиме најнапредни услуги и решенија. . Ние сме доверлив партнер на бизнисите во дигиталното време, креираме иновативни, сигурни, едноставни производи и решенија за поефикасна дигитална трансформација, раст и развој.

Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.

Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.

Инженер за дизајн на паметни IoT електронски уреди

Во моментов бараме високо мотивиран Инженер за дизајн на паметни IoT електронски уреди кој би се приклучил на нашиот тим. Инженерот за дизајн на паметни IoT електронски уреди активно ќе учествува и ќе дава значителен придонес во развојот и дизајнот на паметни IoT електронски уреди.

Работни задачи:

-Развој на паметни IoT уреди кои користат микро контролери и модеми за комуникација преку мобилна мрежа
-Дизајнирање на IoT уреди со користење на софтвер за симулација, анализа и валидација на електронски уреди
-Развој на прототип и тестирање
-Дизајн на печатени кола (PCB) со користење на софтвер за електронски дизајн на PCB
-Нарачка на дизајнираните уредите од производители на електронски уреди

Потребни квалификации:

-Основни познавања на електронски компоненти и теорија на електрични кола
-Основни познавања за дизајнирање на аналогни и дигитални електронски кола, базирани на PIC, AVR, STM, ESP и други типови на микро контролери
-Дизајн на печатени кола (PCB) со користење на софтвер за електронски дизајн на PCB
-Основни познавања за обработка на сигнали и енергетска електроника
-Познавање на софтвер за симулација, анализа и валидација на електронски уреди
-Користење на опрема за тестирање, мерење и решавање проблеми
-Основно знаење за поврзување на IoT уреди на платформа преку HTTPS API или MQTT
-Основно познавање за користење околина за развој и дебагирање на софтвер за вградливи системи (Arduino IDE, PlatformIO и сл.)
-Способност за ефективно управување со проекти за дизајн на електроника
-Microsoft Office apps

Што очекуваме:

-Кандидатот треба да има завршено или да биде во завршна година на:
-Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) на додипломски студии за Компјутерско, хардверско инженерство и електроника (КХИЕ), Kомпјутерски технологии и инженерство (КТИ), Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ), или
-Факултетот за информатички науки и компјуерско инженерство (ФИНКИ) со избрани предмети од бараната стручност
-Тимски играч
-Отвореност и подготвеност за учење на нови технологии
-Ориентираност кон резултати
-Возачка дозвола Б категорија е предност

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

-Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
-Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
-Можност за континуирано професионално усовршување и развој
-Приватно здравствено осигурување
-Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
-Бесплатен фитнес клуб во рамките на компанијата
-Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Како да аплицирате:

Аплицирајте електронски со кликнување на копчето Пријави се или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Инженер за дизајн на паметни IoT електронски уреди.

Контакт информации тел. 02/2 3 242-694

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.