Оглас за вработување во КАМ (сектор транспорт)

Оглас за вработување во КАМ (сектор транспорт)

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Со цел проширување на тимот во сектор транспорт, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на работна позиција:

СОРАБОТНИК ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА СТОКА

Ваши задачи:

-Дефинирање на транспортниот план, организација на транспортот на планираните количини стока со минимални трошоци, простор и работна сила;
-Планирање на транспортни рути во софтвер и учество во оптимизација на процесите
-Изработување на извештаи за продуктивност и ефикасност на транспортните тури
-Изработување на правилници и процедури за условите под кои се транспортира стоката;
-Изработување на правилници за употреба, одржување и безбедност на средствата во возниот парк;
-Утврдување на норми за искористеност на возилата, потрошувачката на гориво и контрола на исполнувањето на утврдените норми;
-Утврдување на нормативи за потребните трошкови за гориво и користење на возилата по барање на останатите сектори;
-Вршење контрола на исправноста и хигената на возилата;
-Организирање на регистрација, осигурување и баждарење на возилата;
-Вршење контрола и оценка на перфомансите на возачите;
-Останати обврски по налог на претпоставено лице од делокругот на работење

Вашиот профил:

-ВСС (предност имаат кандидатите со Бизнис-логистика и Економија)
-Предност ќе имаат кандидати со мин. 5 години работно искуство во областа
-Одлично познавање на најчесто користени софтверски решенија – напредно познавање на Excel и англиски јазик
-Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок
-Силно развиени аналитички способности, навремено и прецизно анализирање и известување
-Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни, за ефикасна интеракција со персоналот и другите сектори.
-Возачка дозвола –Б категорија

Ние Ви нудиме:

-Предвидена атрактивна плата + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи;
-Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти кои подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи

-Регрес,речиси 3 пати поголем од законски пропишаниот
-Бонус за препорачан пријател за работа
-Слободен ден за роденден
-Платено колективно осигурување
-Ваучер за склучен брак
-Ваучер за спортска опрема
-Картичка за спорт
-Пакет за новороденче
-Училишен пакет производи
-Пакет производи за верски празници согласно вероисповест
-Попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“во Охрид
-Работа во интернационална компанија,.динамично работење исполнето со нови предизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или на e-mail: personal@kam.mk

Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница

web: www.kam.com.mk

Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.