Што е среќата и како да се достигне?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Од античко време до денес се обидуваме да ја дефинираме среќата. За некои, среќата е слобода, за други, доблест, пат или смисла. За трети, пак, пари и уживање.
Но, едно е сигурно - таа е многу повеќе од минлива емоција.
Според Светскиот извештај за среќа, кој по иницијатива на Обединетите нации се објавува од 2012 година, Финска со години е на врвот на листата со најсреќни земји. Сепак, глобалното задоволство опаѓа, особено кај младите.
Ако живееме во свет кој често е неправеден и полн со страдање, како обичниот човек може да води исполнет живот?
Современата психологија нуди одговори - да не се брка среќата, туку вредностите, бидејќи кога го правиме она што ни е важно, среќата сама доаѓа.
Фото: Freepik