Благодарение на проектот „Виртуелен телескоп“, може да го следите астероидот што денеска ќе помине покрај Земјата

Благодарение на проектот „Виртуелен телескоп“, може да го следите астероидот што денеска ќе помине покрај Земјата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Астероидот 1998 OR2 има дијаметар помеѓу 1,8 и 1,4 километри, а денеска треба да помине покрај Земјата, односно на 16 пати поголема оддалеченост отколку што Месечината е оддалечена од нас.

Поминувањето на астероидот го следат астрономи, а тимот од опсерваторијата „Асерибо“ успеа да го фотографира тој астероид. Дури и се пошегувале дека се чини дека астероидот носи заштитна маска, алудирајќи на тековната пандемија на Земјата.

- Го набљудувавме астероидот 1998 OR2, кој изгледа како да носи маска. Ќе помине на оддалеченост 16 пати поголема од оддалеченоста на Месечината од Земјата - порача тимот преку социјалните мрежи.

asteroid
Фото: NASA

Астероидот ќе помине покрај Земјата со брзина од 31.282 километри на час, но нема да биде видлив со голо око.

Но, благодарение на проектот „Виртуелен телескоп“ во Рим, поминувањето на астероидот покрај Земјата ќе можете да го следите ТУКА.

Шансите астероидот да изненади и да се удри во Земјата се исклучително мали, уверуваат астрономите.

Aстероидот ќе помине покрај Земјата во 23:56 часот.

Извор: Mirror