Започнува 10-дневниот онлајн-филмски фестивал „We Are One“

Започнува 10-дневниот онлајн-филмски фестивал „We Are One“

Со оглед на тоа дека киносалите ширум светот се затворени поради пандемијата на коронавируост, меѓународните филмски фестивали решија да се спојат виртуелно. Имено, денеска започнува 10-дневниот филмски фестивал „We Are One“, кој е коорганизиран од повеќе од 20 филмски фестивали од целиот свет.

Фестивалот може да се следи на „Јутјуб“, каде постојано ќе се емитува програма до 7 јуни.

Програмата се состои од повеќе од 100 филма, вклучително и 13 светски премиери и 31 онлајн-премиера.


Сите филмови се бесплатни за гледање, но ќе можете да ги гледате само еднаш бидејќи нема да останат на интернет по емитувањето.

Освен филмови, на каналот ќе се емитуваат и панел-дискусии снимени на претходни фестивали.


Уживајте!