Европски мини-серии што задолжително треба да ги гледате

Европски мини-серии што задолжително треба да ги гледате

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Холивудските продукции често ни се многу подостапни од европските, па затоа имаме можност да гледаме серии и филмови кои доаѓаат од англиското говорно подрачје.

Иако можеби ни се поблиски според сензибилитетот, географијата и заплетот, се чини дека европските мини-серии се далеку од нашиот избор кога бараме да погледнеме нешто што ќе има добра содржина.

Но, европската продукција има многу добри серии кои ќе ги изгледате во еден здив. Од фантастични шпански драми и трилери до сложени скандинавски детективски приказни кои ве одржат во неизвесност до самиот крај.

„Убиствата во Валхала“ (The Valhalla Murders), Исланд

 

Детективот Арнар се враќа на родниот Исланд за да го истражи првиот случај на сериски убиец во земјата. Арнар се здружува со локалниот детектив Ката за да реши случај каков што не се памети на овој остров. Злосторствата кои датираат одамна откриваат тајни за луѓето во највисоките функции во земјата.

„Курон“ (Curon), Италија


 

Близнаците Дарио и Мауро Реин се враќаат во морничавиот мал град на нивната мајка - Курон во Северна Италија. Пред 17 години нивната мајка Ана Рајна избегала од градот, бремена со близнаци, по трагичната смрт на нејзината мајка. Едно семејство ги открива мрачните тајни на езерото кое ве мами со своите гласови и ве води во сигурна смрт.

„Антрацит“ (Anthracite), Франција

 

Еден стар случај се отвора кога еден новинар исчезнува откако неговата ќерка, која боледува од тешка болест, го носи во мало планинско гратче прогонувано од секта, тајност и смрт. Мала заедница, локални проблеми и прекрасните Алпи се сето она што ви треба во една динамична француска серија.

„Тишината“ (El silencio), Шпанија


 

Серхио не зборува откако ги уби своите родители пред шест години. Неговиот психотерапевт се обидува да открие што точно се случило. Животите на главните ликови се испреплетени подлабоко отколку што можете да замислите.

„Војната на тешката вода“ (The Heavy Water War), Норвешка


 

Оваа мини-серија ги следи настаните од Втората светска војна поврзани со норвешката фабрика за тешка вода во Веморк, која нацистите ја користеле за да ја развијат атомската бомба. Серијата ги прикажува напорите на сојузниците да ги саботираат нацистичките планови и да го уништат производството на тешка вода. Серијата се фокусира на различни аспекти на конфликтот, вклучувајќи научници, војници и шпиони.

Извор: bizlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube